Aко им веруваме на медиумите Ериксен донел одлука – ова е негова последна сезона во Тотенхем.
Изгледа дека нема надеж за Тотенхем дека данскиот фудбалер ќе стави потпис на нов договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ериксен нема намера да остане помеѓу „петлите“ и многу веројатно ќе го напушти тимот како слободен играч.
Тотенхем од неговиот трансфер нема да добие ништо, а кога е неговата идна дестинација во прашање наводно се два клуба во игра.
Реал Мадрид со Ериксен се поврзува неколку преодни рокови наназад, меѓутоа клубот од Лондон не ги прифаќаше понудите на гигантот од Мадрид, сега Реал има прилика да го добие бесплатно.
Меѓутоа „кралевите“ не се единствениот заинтересиран клуб за услугите на Ериксен. Јувентус кој е познат по доведувањето одлични фудбалери бесплатно „фрлил око“ на Данецот.
Англиските медиуми пишуваа дека Реал се обидувал да го доведе и ова лето, сепак претседатлот на Тотенхем, Леви барал сума од околу 130 милиони евра и јасно е дека ниту еден клуб не би платил толкава сума за играч кој влегува во последната година од договорот.
Од јануари Ериксен ќе биде слободен да преговара со клубовите кои сакаат да го доведат. Останува да видиме дали ќе го избере Реал или пак во прв план ќе „скокне“ Јувентус, можеби ќе се појави и некоја трета страна…