Дома Останати Кошарка Гасол објасни зошто Србија не стигна до насловот на Мундобаскетот

Гасол објасни зошто Србија не стигна до насловот на Мундобаскетот

Кошаркарската репрезентација на Шпанија денеска во финалето на СП ја совлада Аргентина со 95:75 и така стигна до насловот светски првак.

Откако Шпанците во 2006. година за прв пат стигнаа до насловот, денеска тоа го направија по втор пат.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Пред почетокот на првенството Шпанија не беше меѓу фаворитите за титулата со оглед на тоа дека многумина ги фаворизираа Србија или САД, но и двете репрезентации потполно потфрлија.

Марк Гасол после финалето одговараше на прашања од српски новинар, кој го интересираше мислењето на Шпанецот зошто Србија потфрли на ова првенство.

„Важна е само екипата. Можете да ги имате најдобрите играчи на светот, но екипата е најважна. Мислев дека ја имавме најдобрата екипа на СП 2014. година, но одигравме еден лош натпревар против Французите и се падна во вода.“

„Такви работи се случуваат на турнирите, ако имате лош ден ќе испаднете. Не е тоа како во НБА лигата, каде имате серија натпревари и можете да ги покриете лошите натпревари.“ – изјави Гасол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шенѓун ги „пецна“ Грците со една од најголемите трагедии (Фото)

Турскиот кошаркар Алперен Шенѓун по полуфиналната победа над Грција и пласманот на неговат…