Дома Трансфер зона Манџукиќ до крајот на денот го напушта Јувентус!

Манџукиќ до крајот на денот го напушта Јувентус!

Трансферот на Марио Манџукиќ во Катар е блиску до реализација, пишува експертот за трансфери Џанлука Ди Марцио.

Денес наводно треба да биде постигнат договор со новиот клуб на Манџукиќ од Катар, името на клубот засега не е познато. Се пишува дека станува збор Ал-Гарафа или Ал-Духаил, а се би требало да биде завршено до крајот на денот, тврди Ди Марцио.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дека овој трансфер е пред реализација можеби и потврдува тоа што Манџукиќ вчера не беше во составот на Јувентус кој играше против Фиорентина.

„Старата дама“ нема да прави проблем, всушност тие се обидуваа да се ослободат од Хрватот уште во текот на летото.

Јувентус повеќе не смета на Манџукиќ, затоа и тој не беше пријавен за настап во групната фаза од Лигата на шампионите.

И изјавата на Фабио Партичи од текот на вчерашниот ден звучи како најава за трансфер на напаѓачот.

„Постојат можности на пазарот. Марио во текот на годините беше важен играч за нас, докажа на сите дека одличен играч. Постои договор со него, тренерот и неговиот менаџер. Заклучивме дека најдобро е да не оди на гостувањето кај Фиорентина“, изјави спортскиот директор на Јувентус, а на прашањето дали Марио оди во МЛС одговори:

„Манџукиќ заминува во Катар“, потврди Партичи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…