Дома Останати Кошарка Видео: Џинобили со „банана“ му донесе победа на Сан Антонио!

Видео: Џинобили со „банана“ му донесе победа на Сан Антонио!

Сан Антонио поведе во полуфиналната серија против Хјустон со 3-2, откако по продолжението го доби петтиот меч 110:107. Победникот од оваа серија во финалето на Западот ќе игра против Голден Стејт, кој во четири натпревари ја заврши серијата со Јута.

Тексашкото полуфинале на Западот, донесе уште еден неизвесен дуел, кој успеа да го добие Сан Антонио благодарение на „резервистот“ Пети Милс и ветеранот Ману Џинобили.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Дуелот во регуларниот дел заврши со резултат 101:101, иако и двата тима имаа шанса за победа. Најпрвин Џејмс Харден не успеа да реализира на 11 секунди до крајот, а на спротивната страна Пети Милс погоди но по истекот на времето.

Сан Антонио од средишницата на третата четвртина играше без својот најдобар играч Кави Ленард, кој го повреди зглобот.

Учинокот на Ленард го надоместија Пети Милс и Ману Џинобили. Аргентинецот ги постигна последните поени во регуларниот дел од натпреварот, а во финишот на продолжението го изблокира обидот на Харден.

Ленард беше најефикасен кај победникот со 22 поени, на кои придодаде 15 скокови и четири асистенции. Двоен ефект од 18 поени и 14 скокови имаше Ламаркус Олдриџ, додека Милс мечот го заврши со 20 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ѓоковиќ со емотивна порака за Надал: За тебе ќе се учи со децении

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, со емотивна порака се огласи по повод прензионирањето на Р…