Бенфика покажа дека во последно време внимава на тоа кога станува збор за проценка, а потоа и наплата на таленти.
Последниот доказ е трансферот на Феликс во редовите на Атлетико Мадрид, трансферот клубот од Мадрид го плати 120 милиони евра. Фeликс одигра само една сениорска сезона во португалскиот тим. Сега, според пишувањето на англиските медиуми, на ред е нова бомба од Лисабон. Флорентино Луис е новата „златна кокошка“ за Бенфика.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
20-годишниот дебитираше за сениорскиот тим во февруари ова година, но уште од сега започнаа гласините за трансфер во Премиер лигата. Двата тима кои најмногу се споменуваат се Манчестер Сити и Јунајтед. Младиот играч за врска веќе има титула со својата репрезентација во младите селекции, а тоа што доаѓа од Бенфика само ја зголемува цената.
Луис веќе го споредуваат со Погба и Канте по стилот на игра. Има добра техника. Во својот договор има клаузула од 100 милиони евра. Цената на Португалецот ќе се зголеми ако продолжи со одличните игри, а особено ако уште некој богат клуб се интересира за него.