Тотенхем прави се што е возможно за да го задржи Кристиан Ериксен во своите редови, особено поради фактот што на плејмејкерот му истекува договорот на крајот на сезоната.
Ериксен во неколку наврати одби да го продолжи договорот со Тотенхем, но ова лето на направи трансфер и остана во Лондон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Тотенхем се плаши дека може да ја загуби својата ѕвезда без обештетувањен и му предложи нов договор со годиншна плата од 7,5 милиони евра до 2024 година.
Тешко дека Данецот ќе го прифати овој предлог со оглед на фактот што за него се инетерсираат многу европски гиганти кои се спремни да му понудат подобри финансиски услови.
Додека се чека одговорот на Ериксен, англиските медиуми шпекулираат дека тој веќе има договор со Реал Мадрид каде ќе заработува 10 милиони евра по сезона.