Дербито помеѓу Милан и Интер на програмата е следната недела, но миланските гиганти веќе започнаа битка за потписот на Марио Геце, пренесуваат италијанските медиуми.
Претставници на Интер имале разгвор со агентот на Марио Геце и сакаат да го донесат во своите редови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нероаѕурите“ сакаат да го донесат Германецот на „Џузепе Меаца“ следното лето како слободен агент, бидејќи истекува неговиот договор со Борусија Дортмунд.
„Милионерите“ и фудбалерот не можат да се договорат за продолжување на соработката, па Интер сака да ја искористи таквата ситуација.
Меѓутоа, „нероаѕурите“ ќе имаат голема конкуренција бидејќи за потписот на Германецот силен интерес покажува и Милан.
Тренерот Џампаоло смета дека Геце ќе биде идеален партнер во нападот за Пјонтек, па „росонерите“ исто така веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Геце во двата наврати за Борусија Дортмунд запиша 200 настапи до сега и постигна 42 гола. Притоа стана херој на нацијата кога со својот гол и ја донесе светската титула на Германија во 2014 година.