Дома Фудбал Англија Гвардиола ги потврди црните прогнози: Сити на подолг период без уште еден играч

Гвардиола ги потврди црните прогнози: Сити на подолг период без уште еден играч

Пеп Гвардиола во Манчестер Сити има одлични фудбалери на располагање, но често пати проблеми му прават повредите.

Оваа сезона Гвардиола проблеми има уште на стартот. Лерој Сане кој се повреди пред да започне Премиер лигата во натпреварот од Комјунити Шилд ќе биде надвор од терените најмалку до февруари. Сега дека нешто слично го чека и Емерик Лапорт потврди Гвардиола.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одличниот француски дефанзивец заработи повреда пред репрезентативната пауза во натпреварот со Брајтон и сега му следи долга пауза.

Веднаш откако се повреди Лапорт Гвардиола изрази надеж дека не се работи за нешто сериозно, сепак, за негова несреќа повредата на Лапорт е од потежок карактер.

Лапорт заработил тешка повреда на коленото, опериран е, а Гвардиола денес зборуваше за тоа колку 25 годишниот дефанзивец ќе биде надвор од терените.

„Пет, шест месеци…Сигурно ќе се врати дури следната година, јануари или февруари“, изјави Гвардиола.

Инаку, Сити утре игра против Норвич на гостински терен во рамките од петтото коло во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…