Дома Трансфер зона Нема нов договор: Каљехон заминува од Наполи

Нема нов договор: Каљехон заминува од Наполи

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Хосе Каљехон одбил да потпише нов договор со Наполи и ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанецот во клубот пристигна во 2013-та година од Реал Мадрид и брзо се етаблираше во клучна фигура во тимот на „наполитанците“.

Сепак, во февруари полни 33 години, а на крајот од годината му истекува договорот со клубот.

Неговиот агент потврди дека првата понуда од клубот не ги задоволува нивните барања и дека најверојатно нема да биде продолжена соработката.

Каљехон за шест години во клубот запиша 79 голови и 70 асистенции, а Анчелоти инсистира да му биде понуден нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…