Капитенот на Пари Сент Жермен, Тиаго Силва е среќен што неговиот сонародник Нејмар остана во францускиот клуб.
Во летниот преоден рок Нејмар беше главна тема бидејќи сакаше да го напушти клубот и да се врати во Барселона, но на крајот сепак остана на „Паркот на Принцовите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тој знае дека направи грешки, меѓутоа немаше лоши намери, тој е неверојатно момче. Се надевам дека ќе има одлична сезона, ќе биде незаборавно бидејќи ПСЖ воедно ќе прослави и 50 години“, изјави Тиаго Силва.
„Тренерот секогап велеше дека смета на Нејмар, сите веруваме во него. Многу сме среќни што Нејмар остана во тимот. Имаше тежок периот се надевам дека ова ќе биде негова сезона“, додаде искусниот дефанзивец.