Дома Фудбал Конечно: Мадрид уште малку и ќе го дочека дебито на Азар во Ла Лига!

Конечно: Мадрид уште малку и ќе го дочека дебито на Азар во Ла Лига!

Зинедин Зидан конечно доби добри вест. Еден Азар ќе биде спремен да дебитира за Реал Мадрид во домашното првенство во натпреварот против Леванте.

Белгискиот фудбалер поради повреда ќе ги пропушти претстојните натпревари со репрезентациите на Сан Марино и Шкотска во рамките од квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сепак, после репрезентативната пауза Азар ќе биде спремен да игра против Леванте.

Азар се појавил на тренингот на Реал во петокот (и тренирал индивидуално), но во натпреварот против Виљареал минатиот викенд не се најде ни на клупата.

Изгледа дека Мадрид ќе мора да се стрпи уште малку за конечно да го дочека првиот официјален настап на Азар во белиот дрес.

Реал против Леванте ќе игра на 14-ти септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Човекот кој имаше повеќе трофеи од настапи го напушти Манчестер Сити

Голманот Скот Карсон (39) го напушти Манчестер Сити по истекот на неговиот договор, завршу…