Клаудио Маркизио е еден од слободните играчи. Овој 33 годишен фудбалер е без клуб откако го раскина договорот со Зенит на крајот од сезоната.
Според пишувањето на италијанските медиуми Маркизио кариерата би можел да ја продолжи во Монако со кој се поврзуваше минатата година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спортмедијасет“ пишува дека поранешниот играч на Јувентус и клубот од Кнежеството се блиску до финализирање на преговорите и наскоро треба да се очекува потпис на договорот.
Маркизио член на Јувентус беше скоро две децении, меѓутоа тешката повреда на коленото пред две години му направи големи проблеми во неговата кариера.
Со Јувентус Маркизио освои седум Скудетата и четири италијански купа. Минатата сезона со Зенит стана шампион на Русија.