Дома Фудбал Имаме проблем пред Израел: Пандев неизвесен за настап!

Имаме проблем пред Израел: Пандев неизвесен за настап!

Македонија утре ќе се сретне со Израел во квалификациите за пласман на ЕП во 2020 година.

Пред овој натпревар македонскиот селектор Игор Ангеловски се соочува со потенцијален проблем затоа што натпреварот би можел да го пропушти капитенот Горан Пандев.

Пандев како што изјавил селекторот има проблем со слабините и неизвесно е дали ќе биде стартер за претстојниот натпревар.

„Неколку фудбалери имаат проблем со повредите. Ме загрижува поради Пандев кој има проблем со слабините незивесно е дали против Израел ќе игра од почетоко“, изјави македонскиот селектор.

Ќе потсетиме после утрешниот натпревар во понеделник не очекува нова средба и тоа против Летонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…