Дома Фудбал Јувентус го договори траснферот на дефанзивецот, Сари го одби!

Јувентус го договори траснферот на дефанзивецот, Сари го одби!

Договорот бил постигнат, од Баерн како замена за повредениот Киелни требало да пристигне Жером Боатенг.

Поранешниот германски репрезентативец има доста искуство, но Сари го стопирал. Тој не знае што ќе прави со сегашните играчи, од кои барем тројца се прекубројни, а не му треба пети стопер, ги има Де Лихт, Бонучи, Ругани и Демирал. Постои можност да си оди Ругани, но тренерот на Јувентус повеќе би сакал во клубот да се врати Бенатија кој си замина поради конфликт со Алегри.

Се споменуваа уште неколку опции, Умтити од Барселона, но изгледа дека на Јувентус не му е потребен стопер, туку да ги продаде Манџукиќ и Џан во последниот дел и така да го намали бројот на играчи кои ги има во ростерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ле Фе од пенал го казни Челси: Сандерленд со 1:0 го напушти дното на табелата

Сандерленд го совлада Челси со 1:0 на „Стејдиум оф лајт“. Енцо Ле Фе реализираше пенал во …