Дома Трансфер зона Вест Хем му ја исполни желбата на Чичарито – Мексиканецот се врати во Шпанија!

Вест Хем му ја исполни желбата на Чичарито – Мексиканецот се врати во Шпанија!

Речиси целиот трансфер период се зборуваше за заминувањето на Чичарито од Вест Хем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој денеска ја исполни својата желба, го напушти Вест Хем и се пресели во екипата на Севиља. Севиља бараше искусен напаѓач, а го пронајде во овој одличен Мексиканец кој потпиша тригодишен договор со клубот.

Вест Хем од овој трансфер ќе заработи околу осум милиони евра, а постои можност да заработаат и уште милион евра поради одредени бонуси кои се вклучени во договорот. Тој во Вест Хем одигра 63 натпревари во кои постигна 17 гола и би требало да претставува големо засилување за Севиља.

Ова не е прв пат за него да настапува во Шпанија, бидејќи претходно настапуваше во дресот на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…