Дома Фудбал Останато Судиски грабеж во Португалија: Порто победи со огромна помош од судијата! (ВИДЕО)

Судиски грабеж во Португалија: Порто победи со огромна помош од судијата! (ВИДЕО)

Порто вчера победи со 3:0 против Викторија Гимараеш во португалското првенство и за таа победа во Порто мораат да му бидат благодарни на човекот кој ја делеше правдата на овој натпревар Карлос Шистра.

Ние не можеме да се сетиме кога еден судија на ваков начин ограбил еден тим. Играчите на гостинскиот тим во целиот натпревар направија само седум прекршоци и добија – три жолти и два црвени картони.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Првиот црвен картон го добија уште после 40 секунди игра и тоа е најбрзиот црвен картон во историјата на португалскиот фудбал. Следниот црвен картон го доби Давидсон за приговор во 79-тата минута.

Најпроблематично за Гимараеш беше првото исклучување, воедно тоа е и најспорно затоа што Тапсоба направи чист старт на топка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…