Дома Фудбал Италија Де Лихт: Понекогаш ми е тешко со фановите, но тогаш си помислувам на Роналдо

Де Лихт: Понекогаш ми е тешко со фановите, но тогаш си помислувам на Роналдо

Холанѓанецот Матијас Де Лихт верува дека во Јувентус може да стане голем дефанзивец.

Во клубот од Торино Де Лихт пристигна ова лето за повеќе од 70 милиони евра, а откако првиот натпревар против Парма го следеше од клупата за резерви следуваа голем број критики, но тој не е загрижен премногу поради тоа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Изненаден сум кога гледам како критикуваат затоа што не играм, тоа е дел од процесот кој еден млад играч треба да го помине. Пред да дојдам тука имав долг разговор со Сари. Ми кажа што очекува од мене и дека ќе следат големи промени. Јас сфаќам дека сум од ден во ден се подобар“.

За него Јувентус е друг свет во однос на Ајакс.

„Станува збор за тактика, дисциплината е многу важна. Се се распоредува до детали. Верувам дека ќе напредувам уште повеќе“.

Од голема помош е и што покрај него има големи професионалци како Роналдо.

„Роналдо и останатите ѕвезди се совршени учители. Ми покажуваат како да станувам подобар. Неверојатно е со што се соочува. Тоа 1000 пати потешко отколку што јас сум доживеал. И покрај се тој често пати наоѓа време за своите обожаватели и за мене тоа е важна лекција. Понекогаш ќе помислам: Немој сега…Но навистина тоа е толку мал напор кои на фановите им значи многу. На навивачите им должиме многу“, изјави Де Лихт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…