Дома Трансфер зона Одбиена и последната понуда, СМС останува во Лацио

Одбиена и последната понуда, СМС останува во Лацио

Повеќе нема дилеми, Сергеј Милинковиќ Савиќ останува во Лацио и ќе го предводи тимот овој викенд во дербито против Рома.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лацио ја одби и последната понуда. Како што се очекуваше Интер се обиде да добие одлично засилување во финишот од трансфер периодот. Понудата беше добра, Гаљардини за кого е заинтересиран Инзаги, двајца млади играчи и плус 65 милиони евра.

Но, Лотито се заблагодари, едноставно да имаше и поголеми пари, премногу е касно Лацио да продаде играч кој е главна карика во тимот, тоа би бил голем ризик. Уште едно лето помина, Сергеј не си замина во поголем клуб, а утехата е ново зголемување на договорот, сега ќе заработи пола милион евра повеќе, плус бонуси, неговата плата би можела да биде околу 4 милиони евра по година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…