Дома Топ вести Алексис Санчез е нов играч на Интер!

Алексис Санчез е нов играч на Интер!

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез го напушти Манчестер Јунајтед и кариерата ќе ја продолжи во Интер.

Алексис во Јунајтед стигна на почетокот во 2018. година од Арсенал како големо засилување, но тотално потфрли. Црвените ѓаволи му порачаа дека слободно може да бара нов клуб, а Чилеанецот на крајот одлучи да се врати во Италија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Интер и Јунајтед официјално потврдија дека Алексис пристигнува во италијанскиот клуб на позајмица до крајот на сезоната. Интер ќе плати околу шест милиони евра за позајмицата и ќе има шанса следното лето да го откупи договорот.

Алексис има искуство од играње на Апенините со оглед на тоа дека три години го носеше дресот на Удинесе. Санчез за овој тим играше од летото 2011. до летото 2014. година кога се пресели во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…