Дома Фудбал Англија Легендарниот англиски клуб пред згаснување

Легендарниот англиски клуб пред згаснување

Легендарниот англиски клуб Болтон постои веќе 145 години, но се соочува со сериозни финансиски проблеми, па му се заканува згаснување.

Во текот на летото беше склучен договор за продажба на клубот на бизнисменот Лоренс Басини и Болтон помина под негова контрола.

Во саботата пропадна уште еден договор, а раководството на англиската фудбалска лига му даде рок на клубот до вторник да се исплатат долговите, во спротивно ќе биде елиминиран.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Поради големите долгови пред почетокот на сезоната, Болтон стартуваше си минус 12 бода. После четири кола, екипата го зазема претпоследното место со едно реми и три порази.

Болтон е основан во 1874 година, го има освоено ФА Купот четири пати и Суперкупот еднаш. Неговиот најдобар резултат е пласман на третото место во елитната дивизија и тоа три пати.

Пред седум години, во сезоната 2011/12, Болтон играше во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблем за Аргентинците: Меси се пожали на повреда

Репрезентацијата на Аргентина го победи Чиле со минимални 1:0 и така се пласираше во нокау…