Пеп Гвардиола пред утрешниот натпревар против Бурнемоут го изнафали својот играч Давид Силва.
Имено, претстојниот натпревар за шпанскиот фудбалер воедно ќе биде и 400-ти јубилеен во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Малку кој очекуваше дека Силва ќе стане легенда на Премиер лигата кога во 2010 година пристигна на „Етихад“ помеѓу оние кои се сомневале бил и Гвардиола кој денес го смета Силва за еден од најинтелигентните играчи во светот.
„Му се воодушевувам на Силва. Да собереше 400 натпревари тоа вклучува многу успеси и падови…Се случува фудбалер да одигра една добра сезона и тоа не е тешко, но Силва успева 10 години да игра во континуитет на едно високо ниво. За мене е привилегија што го имам во тимот“.
„Кога доаѓаше во Англија мислев дека нема да се снајде, но не бев во право. Тој е еден од најителигентните играчи кои сум ги видел. Кога зборувавме за снаоѓање на мал простор нема многу играчи кои се подобри од него“, изјави Гвардиола.