Дома Македонски спорт Одлична вест за љубителите на Калчото: Серија А на МТВ!?

Одлична вест за љубителите на Калчото: Серија А на МТВ!?

Викендов започнува италијанското фудбалско првенство, Серија А во кое оваа година ќе настапуваат тројца македонски фудбалери.

Љубителите на Калчото во Македонија најверојатно од новата сезона ќе можат да следат натпревари од Серија А на националниот сервис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред неколку дена некои медиуми пренесоа дека МТВ и Аренаспорт се во завршни преговори окулу можност на нашиот национален сервис да се пренесува по еден меч од коло од италијанската Серија А.

Според најновата објава на спортскиот новинар Драган Николовски на Фејсбук, најверојатно МТВ успеала да најде заединчки јазик со Аренаспорт за пренос на натпреварите од најсилното италијанско првенство.

Се чека официјална потврда од националниот сервис, но најверојатно македонската публика ќе може да ги гледа натпреварите на Пандев, Елмас, Несторовски и остантите ѕвезди од Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …