Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Баерн Минехен направил вистински погодок со ангажманот на Филипе Кутињо.
Клоп го спореди Бразилецот со легендарниот Дел Пјеро и откри дека сакал да го врати во Ливерпул, но не можел да си го дозволи финансиски.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
„Баерн доби доминантен играч кој може да му помогне на тимот, а може да биде и клучен. Секако, не веднаш, но на крајот, клубот ќе добие одличен играч. Во Ливерпул, тој ретко играше на својата омилена позиција – десетка, но може да одговори и на левата офанзивна страна. Уште од деновите на Алесандро Дел Пјеро, не сум видел играчи кои постигнуваат голови од такви агли и позиции“, изјави Клоп.
Кутињо оваа сезона во Баерн ќе игра како позајмен играч од Барселона, а Баварците ќе имаат можност следното лето да го откупат за 120 милиони евра.