Дома Фудбал Проблематичниот Дембеле ќе биде жестоко казнет

Проблематичниот Дембеле ќе биде жестоко казнет

Проблематичниот Осман Дембеле повторно е во центарот на вниманието поради својата недисциплина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот фудбалер не се пријавил пред лекарскиот тим дека е повреден и потоа отпатувал во татковината за да се одмори со фамилијата.

Со тоа што не се пријавил кај лекарите ги прекршил правилата и му следи жестока казна. Според правилата на клубот може да биде без плата помеѓу 11 и 30 дена, а тоа би можело скапо да го чини.

Ако биде минимална суспензија од 11 дена, ќе го чини 360.000 евра, а ако биде суспендиран на цел месец, износот ќе биде неверојатни милион евра.

Парична казна му се заканува без обзир дали ќе се донесе одлука за суспензија. За овој потег казната е 215.000 евра, бидејќи пропуштање на лекарски преглед се смета за сериозен прекршок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ не ја исполни желбата на Вардар за натпреварот со Брегалница

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одби барањето на Вардар за одложување на нат…