Тотенхем се раздели со францускиот крилен играч Жорж Кевин Нкуду, кој кариерата ќе ја продолжи во Бешикташ.
24-годишниот фудбалер веќе постигна договор со Бешикташ и се очекува во текот на утрешниот ден да пристигне во Турција, а Тотенхем од неговата продажба ќе добие 5 милиони евра, плус процент од следната продажба.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Нкуду се покажа како разочарување за „спарси“, минатата полусезона играше на позајмица во Монако каде запиша само три настапи, а претходната сезона беше на позајмица во Барнли.
За него немаше место во тимот на Покетино, па раководството се реши да го продаде.
Nkoudou with the drip pic.twitter.com/Bl3q95sido
— Elliot (@VivaYids) August 4, 2019