Португалскиот играч од средниот ред, Бруно Фернандеш ова лето е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фернандеш се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Манчестер Сити, но не успеа да го комплетира трансферот до затворањето на преодниот рок во Англија.
Сега како што пренесуваат португалските медиуми, поточно „А Бола“ него го следи Зинедин Зидан кој наводно има намера да го засили средниот ред.
Фернандеш е најефикасниот играч за врска во изминатата сезона и на 50 натпревари, постигна 31 гол и запиша 17 асистенции за клубот од Лисабон.
Бидејќи Реал не успеа да го донесе Пол Погба, кој беше прва желба, сега ќе се насочи кон Фернандеш, а Спортинг за неговата слобода бара 70 милиони евра, сума која „кралевите“ се спремни да ја платат.