Дома Фудбал Англија Давид Луиз објасни зошто реши да се пресели во Арсенал!

Давид Луиз објасни зошто реши да се пресели во Арсенал!

Давид Луиз го изненади фудбалскиот свет кога во последниот ден од преодниот рок реши да го напушти Челзи и да се пресели во Арсенал.

Бразилскиот дефанзивец овој викенд дебитираше во дресот на „топџиите“, а сега ја објасни причината зошто се решил на таков потег.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Јас сум момче со амбиција и затоа се преселив во овој клуб. Сакам нов предизвик, нови работи во мојот живот. Тоа ми дава кислород и ми дава мотивација за навистина да уживам во моментите. Можев да изберам комфорна зона, да добијам пари и да бидам кул и тоа е тоа“, истакна Бразилецот.

„Сите знаат дека бев многу среќен во Челзи и освоив многу трофеи таму. Имав навистина искрен разговор со Лампард и неговите идеи за сезоната се различни од моите. Па најдобар начин според мене да го испочитувам клубот каде бев, беше да заминам и да се обидам со нов предизвик со што него ќе му дадам можност да си ја работи својата работа“, додаде Давид Луиз.

https://youtu.be/vYuVZsD6wco
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фан на Барселона уапсен за подметнување пожар на автобус со луѓе во Бриж

Полицијата во Бриж уапси фан на Барселона кој го запалил автобусот со фанови пред нерешени…