Дома Топ вести Барса се надева: Три причини поради кои Нејмар нема да заврши во Реал Мадрид

Барса се надева: Три причини поради кои Нејмар нема да заврши во Реал Мадрид

Каталонскиот весник „Спорт“ е убеден дека Нејмар нема да се пресели во Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Денешното издание на „АС“ тврди дека „кралевите“ подготуваат нова офанзива за потписот на Нејмар, но во Барселона се спокојни. „Спорт“ тврди дека постојат три важни причини поради кои во Барселона веруваат дека Бразилецот нема да заврши на „Сантиаго Бернабеу“.

1 Останувањето на Герет Бејл

2 Развојот на младите играчи во Реал

3 Повеќето фудбалери на Реал не сакаат да го видат Нејмар во соблекувалната.

До овој момент не постојат шанси Герет Бејл да го напушти Реал, а тоа според каталонскиот весник значи дека во Мадрид нема да можат да си го дозволат Нејмар, односно неговата висока плата.

Во исто време весникот се прашува, како при евентуално пристигнување на Нејмар, младите Винисиус и Брахим Дијаз ќе се изборат за минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…