Дома Фудбал Италија Ремзи: Посебен момент за мене

Ремзи: Посебен момент за мене

Арон Ремзи во слободен трансфер ова лето од Арсенал премина во редовите на Јувентус.

Ремзи синоќа одигра 20 минути во пријателскиот натпревар против Триестина, а сега се надева на деби во Серија А која започнува следната недела.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Се чуствувам добро. Имав добра рехабилитација, па се надевам дека сега ќе останам во кондиција и ќе му помогнам на тимот колку можам.“ – изјави Ремзи.

„Многу сум возбуден што сум дел од него (италијанскиот фудбал). Започнуваме во сабота, па се радувам за тоа и своето деби. Многу се радувам.“

Ремзи пристигна повреден и синоќа му беше прв натпревар од 18. април.

„Беше тоа посебен момент да го облечам овој познат дрес. Среќен сум што вечерва добив прилика.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гостивар до навивачите: Ве изневеривме – ви дадовме лажна надеж за титула!

Eкипата на Гостивар на социјалните се огласи по вчерашниот пораз од Беса со 2-1 со што ја …