Дома Трансфер зона Балотели за договор со Фламенго поставил услов кој би го вклучил и неговиот брат

Балотели за договор со Фламенго поставил услов кој би го вклучил и неговиот брат

Италијанецот поставил неколку услови на Фламенго.

Многу се пишува овие денови за Марио Балотели кој се уште е без клуб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се шпекулираше дека ќе се врати во Бреша за која од вчера повторно се пишуваше дека е фаворит за потписот на контроверзниот напаѓач.

Но, Фламенго не се откажува. Клубот од земјата на самба, кафето и фудбалот е заинтересиран за репрезентативецот на Италија и сака да оформи тандем со него и Габриел Барбоса кој во нивните редови настапува како позајмен фудбалер од Интер.

Се пишуваше дека Габигол е воодушевен од можноста да заигра во тандем со „Супер Марио“.

Најголем проблем прават условите кои ги поставил италијанскиот напаѓач.

Имено, тој од Фламенго побарал шанса во овој клуб да добие и неговиот брат Енок. Клубот според овој услов треба да му даде на Енок да одигра 10 наторевари за резервниот тим.

Покрај тоа Балотели побарал плата од 4.5 милиони евра годишно и договор на две години со таа плата тој веднаш би станал еден од најплатените играчи во Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…