Хорхе Мендеш е еден од најдобрите фудбалски менаџери на денешницата и застапува неколку од најдобрите играчи на светот.
Меѓу играчите кои се под негова заштита се наоѓа и Андре Силва, одличниот португалски напаѓач кој за кој нема место во Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според пишувањата на Газета дело Спорт, Мендеш последните денови интензивно работи на пронаоѓање нов клуб за својот клиент.
Андре Силва претходната сезона беше на позајмица во Севиља, а неодамна беше пред потпис со Монако, но Росонерите и францускиот клуб не најдоа заеднички јазик.
Мендеш сакаше Силва да го донесе во Волвс, но не успеа во тоа бидејќи преодиот рок во Англија заврши во четвртокот.
Инаку, предониот рок во Италија трае до 2. септември, до кога Мендеш ќе го има крајниот рок да пронајде нова дестинација за Силва.