Кристијано Роналдо во текот на вчерашниот ден го комплетираше трансферот во Ал Наср каде што беше спектакуларно пречекан од околу 30.000 фанови, меѓутоа непосредно пред да го реализира овој трансфер тој ја прекина соработката со неговиот долгогодишен менаџер Жорж Мендеш.
Роналдо и Мендеш соработуваа цели 20 години, меѓутоа клучно за нивниот прекин на соработката било тоа што Роналдо одлучи на таков начин да се раздели со Манчестер Јунајтед.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мендеш сметал дека треба да почекаат и да не избрузува со интервјуто кај Пирс Морган по кое беше јасна намерата на Португалецот.
Роналдо подоцна потпиша две ипол годишен договор со Ал Наср за 200 милиони евра по сезона.
Мендеш од овој договор требало да добие провизија од 30 милиони евра, но на крајот останал со празни раце.