Дома Фудбал Евертон и Манчестер Јунајтед преговараат за трансфер

Евертон и Манчестер Јунајтед преговараат за трансфер

Евертон и Манчестер Јунајтед започнаа преговори околу евентуален трансфер на аргентинскиот дефанзивец Маркос Рохо.

Овој 29-годишен фудбалер не е во плановите на менаџерот Оле Гунар Солскјер и се очекува да го напушти Олд Трафорд.

Тоа би можело да се случи уште денеска. Интерес за Рохо покажува Евертон и преговорите за трансфер помеѓу двата клуба веќе започнале.

Наводно, тимот од Гудисок Парк сака да го донесе Рохо на позајмица. Загрижени се за неговите чести повреди и тоа им претставува проблем околу купувањето.

Сепак, англиските медиуми пренесуваат дека овој трансфер би можел да биде готов и Рохо најверојатно ќе го облече дресот на Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ираола го доби токму ривалот што не го сакаше, Сити оди кај Брадфорд

Ливерпул ќе го пречека Борнмут во четвртфиналето на Лига купот, а Манчестер сити ќе гостув…