Дома Фудбал Јувентус и Манчестер Сити ја потврдија големата размена на играчи

Јувентус и Манчестер Сити ја потврдија големата размена на играчи

Јувентус ова лето донесе неколку засилувања, а очигледно за нив не е завршен летниот преоден рок.

Старата дама синоќа на официјалната страна објави дека Данило е нов играч на овој клуб. Бразилецот во Јувентус пристигнува од Манчестер Сити и потпиша петгодишен договор.

Јуве потврди дека е постигнат договор со англискиот клуб и дека Данило е нов играч на овој клуб.

Но, исто така потврдено е дека Кансело од Јувентус замина во Манчестер Сити и потпиша шестгодишен договор со англискиот првак. Манчестер Сити плати 37 милиони евра и во спротивен правец го испрати Данило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Картон за погрешен играч, па смена на паузата: Судија обвинет дека бил пијан

Хана Хатаб не го дочека крајот на дуелот Ал Џазира – Гол Гохар како главен судија. Ирански…