Дома Фудбал Останато Го нарекуваше Меси „ку*вин син“ и глушец за кој моли да се повреди, а сега ќе биде негов соиграч

Го нарекуваше Меси „ку*вин син“ и глушец за кој моли да се повреди, а сега ќе биде негов соиграч

Лионел Меси е еден од најдобрите играчи на сите времиња и многу деца ширум светот сонуваат да ја делат соблекувалната со него.

После импресивната сезона во Бетис и репрезентацијата до 21 година на Шпанија, Жуниор Фирпо во трансфер вреден 30 милиони евра премина во Барселона и во иднина ќе му биде соиграч на Меси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, Меси до пред неколку години не му бил омилен на шпанскиот фудбалер. Медиумите во Шпанија пронајдоа твитови на Фирпо кога имал 15 години во кои покажува дека не го сака Меси.

Фирпо го нарекол Меси ку*вин син и глушец за кој моли да се повреди, дури посакал и да умре и да престане да дава голови. После некое време тие објави Фирпо ги отстрани.

После ваквата објава Фирпо потврди дека го навредувал Меси и се извини.

„Зборував грди работи за Меси, но тоа се детски работи, тоа се случува кога имате 15 години и кога вас никој не ве знае па се обидувате на некој начин да привлечете внимание“, изјави Фирпо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…