Дома Трансфер зона Пике за трансферот на Нејмар: Тој е оној кој треба да зборува

Пике за трансферот на Нејмар: Тој е оној кој треба да зборува

За Нејмар веројатно ќе се пишува до крајот на преодниот рок, Бразилецот сака да се врати во Барселона и тоа е јасно, но засега изгледа тој трансфер не е реален, барем така изгледа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Можноста за Нејмар да се врати во Барселона ќе остане отворена до крајот на преодниот рок. На оваа тема сега зборуваше дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике.

Пике го советуваше дека ако навистина Нејмар сака да се врати во Барселона тоа да излезе и јавно да го каже.

„Таа операција ми изгледа комплицирана. Без сомневање е одлично е да имате играч како Нејмар во тимот. Меѓутоа тој треба да покаже дека сака да дојде. Се разбира дека ние разговараме со него, но не е добро јавно да зборувам за приватните разговори. Оној кој треба да излезе и да зборува е Нејмар“, изјави Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…