Кадетската репрезенација на Македонија имаше неуспешен старт на Светското првенство до 19 години кое во следните две недели ќе се игра во Скопје.
Репрезентативците на Македонија предводени од Данило Брестовац забележаа пораз од Аргентина со 20:23.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Нашите репрезентативци добро влегоа во натпреварот и на полувреме заминаа со предност од четири голови разлика (13:9). Во вториот дел се до финишот успеававме да ја одбраниме
предноста. Аргентинците успеаа да изрманат во 56-тата минута, а во следните минути направија и разлика од три гола со што однесоа победа.
Во нашата група покрај Аргентина се уште Данска, Бахреин, Јапонија и Нигерија. За пласман во следната потребно е да бидеме на една од првите четири позиции во групата.