Дома Трансфер зона Во ПСЖ се спремни да го понудат Нејмар на Реал Мадрид и за пониска сума?

Во ПСЖ се спремни да го понудат Нејмар на Реал Мадрид и за пониска сума?

Бразилскиот фудбалер Нејмар не сака да остане во Пари Сен Жермен во сезоната која следи и тоа е повеќе од јасно, но проблем за клубот од Париз е што нема клубови кои покажуваат голем интерес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона констатно се поврзува со Нејмар, меѓутоа изгледа ова лето од тој трансфер нема ништо.

Покрај Барселона Нејмар е мета на и на Реал Мадрид, наводно „светците“ повеќе би сакале да го продадат на „кралевите“ отколку на Каталонците.

Денес француските медиуми пишуваат дека ПСЖ го понудил Нејмар на Реал Мадрид за сума од 180 милиони евра. Тие 180 милиони евра се за 42 милиони евра помалку од светскиот рекорд кој го постави ПСЖ кога го купуваше од Барселона.

Во Мадрид Перез е за доведување на Нејмар, меѓутоа Зидан изгледа повеќе сака неговиот клуб да се обиде да му го доведе Пол Погба од Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…