Дома Трансфер зона Се било спремно за нов договор но тогаш се појавил Манчестер Јунајтед

Се било спремно за нов договор но тогаш се појавил Манчестер Јунајтед

После заминувањето на главните играчи на Ајакс, овој тим најголема плата му понуди на Давид Нерес кој исто така даде голем допринос во минатата сезона.

Целта на холандскиот клуб беше да го задржи Нерес барем уште една сезона, но тогаш се појавил Манчестер Јунајтед.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Наводно Ајакс добил понуда во износ од 50 милиони евра за Бразилецот, меѓутоа тие не сакаат да го пуштат Нерес за помалку од 70 милиони евра.

Манчестер Јунајтед може да понуди и 70, но засега не е познато дали ќе ја зголемат својата понуда.

Нерес во Ајакс пристигна за 12 милиони евра пред две години, а од неговиот трансфер ќе заработи и неговиот поранешн клуб Сао Паоло (23% од сумата).

Минатата сезона Нерес за Ајакс одигра 50 натпревари, постигна 12 голови и запиша 15 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…