Бразилецот Малком пред три дена беше официјално претставен како ново засилување во руски Зенит и за него овој клуб плати дури 40 милиони евра.
Малком дебитираше против Краснодар пред два дена и на трибините го дочекаа расистички транспаренти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа рускиот „Спорт“ пишува дека Зенит дури размислува да го продаде за да избегне дополнителен конфликт помеѓу навивачите и играчот.
Малком долго време се поврзуваше со трансфер во Арсенал и Евертон, но сепак рускиот клуб ги победи англиските клубови и го доведоа за рекордна оштета. Сега изгледа им е жал и на играчот и на клубот.
Ако се случи Зенит веднаш да го продаде овој играч тогаш Малком ќе биде запаметен како играч кој ги имал едни од најлудите трансфери. Ќе потсетиме, минатото лето имаше договорен трансфер во Рома, клубовите веќе го потврдија трансферот, за во последен момент тој да одлучи да се пресели во Барселона.