Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ ги договорил личните услови со Манчестер Јунајтед, пренесува „Газета дело Спорт“.
Хрватскиот репрезентативец во последните денови беше во преговори со неколку клубови, а неговата иднина во клубот беше поврзувана со исходот на најавеното заминување на Паоло Дибала и пристигнувањето на Ромелу Лукаку во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа „Корирере дело Спорт“ утрово објави изненадувачка вест дека Манџукиќ е пред преселба во Манчестер Јунајтед, а сега „Газета“ има дополнување.
Според информациите на „Газета дело Спорт“, Манџукиќ со Манчестер Јунајтед се договорил за плата од шест милиони евра по сезона за договор на две години. Јувентус како оштета за неговиот трансфер би требало да заработи 15 милиони евра.
Јувентус 33 годишниот напаѓач го купи во 2015 година од Атлетико Мадрид за 25 милиони евра.
Манџукиќ минатата сезона постигна десет голови, запиша седум асистенции и постигна 33 голови во Серија А и Лигата на шампионите.
#Juventus striker Mario Mandzukic has reportedly agreed personal terms with Manchester United, separate from Paulo Dybala and Romelu Lukaku https://t.co/t5mbi628TN #MUFC pic.twitter.com/H6gZLxRrk2
— footballitalia (@footballitalia) August 4, 2019