Првпат во историјата женски судија ќе суди натпревар на машки тимови во некое УЕФА натпреварување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
УЕФА денес одлучи Суперкупот на Европа, помежу Ливерпул и Челзи, кој ќе се одигра во август да го суди Французинката, Стефани Фрапар.
Фрапар ја доби таа чест да го суди дуелот меѓу освојувачот на Лигата на шампионите Ливерпул и победникот во Лига Европа, кој на програмата е на 14-ти август во Истанбул.
35-годишната Фрапар исто така испиша историја и во француската Лига 1 откако стана првата жена која судела меч од првата машка лига помеѓу Амиен и Стразбур. Таа во новата сезона во Лига 1 ќе биде редовно меѓу делегираните судии.
Асистентки ќе и бидат, Мануела Николоси (Франција) и Мишел ОНил (Република Ирска). Четврти судија е Џунејт Чакир од Турција.
?? Insieme a lei anche la guardalinee Manuela Nicolosi#SkySport https://t.co/cRVIv9338G
— Sky Sport (@SkySport) August 2, 2019