Дома Фудбал Останато Нејмар има рок од 10 дена: Ова се 5-те опции за Бразилецот!

Нејмар има рок од 10 дена: Ова се 5-те опции за Бразилецот!

Изгледа дека работите околу Нејмар се кристализирале.

Имено, Леонардо разговарал со Бразилецот и го информирал, дека ако Барселона не ги плати посакуваните пари до 10. август, ПСЖ нема да преговара. Исто така, на Нејмар му била понудена опција да остане уште една година во ПСЖ, по што цената на заминување би била помала, што тој наводно одбил, бидејќи сака ова лето да се врати во Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Третата можност е позајмица со откуп, но ПСЖ и тоа го одби, не сака да ги чека парите. Ал-Келаифи изјави дека никој не го натерал да дојде во ПСЖ и дека тие не барале позајмица, туку веднаш ги уплатиле парите. Со Нејмар беше така, но со Мбапе не, тука управата беше формула, позајмица и откуп од Монако на крајот од сезоната.

Четвртата опција долго стои на столот, 40 милиони плус Кутињо и Ракитиќ, но Леонардо ја известил Барса дека играчите не му се потребни и дека ПСЖ веќе доста направил со тоа што од 300 милиони цената ја спуштил на 180 милиони. И последното решение е трката со времето, Барса по Малком да го продаде Ракитиќ на Јунајтед и евентуално Умтити, бидејќи Кутињо не го сака никој и да собере пари за Бразилецот.

Тука најголем проблем е времето, 10 дена за се да се заврши, ако ПСЖ остане на своето е доволно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…