Реал Мадрид конечно успеа да им се врати на победите после серијата порази во подготвителниот период и го победи Фенербахче (5:3) во рамките на „Ауди Купот“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Одличен натпревар одигра Карим Бензема, кој постигна „хет-трик“ и беше најзаслужен за победа на „кралевите“.
Фенербахче го отвори резултатот со прекрасен гол на Гари Родригез, но Реал стигна до пресврт со два гола на Бензема. Потоа следуваше израмнување на турскиот клуб преку Набил Дирар.
Во 53-та минута Бензема постигна трет гол за нова предност, но неколку минути подоцна Фенер повторно израмни преку Туфан.
Потоа Начо и Маријано ја комплетираа голеадата за конечни 5:3.