Дома Фудбал Останато ФИФА ги одреди 10-те кандидати за „тренер на годината“

ФИФА ги одреди 10-те кандидати за „тренер на годината“

Светката куќа на фудбалот објави листа со 10 имиња кои ќе конкурираат за признанието Тренер на годината на фудбалските награди „Д Бест”.

На листата има тренери и селектори а како главни фаворити се споменуваат Пеп Гвардиола кој го предводеше Манчестер Сити до титулата во Премиер лигата, Јирген Клоп кој го искачи Ливерпул на тронот на Европа и тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг кој беше на чекор до финалето во ЛШ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Покрај овие тројца се најдоа уште Мауриcио Почетино од Тотенхем, селекторите Фернандо Сантош, Тите, Дидиде Дешамп, Џамел Белмади, Марсело Гаљардо и Рикардо Гарека.

Во изборот ќе учествуваат фановите со гласање на анкетата на веб страната на ФИФА, како и новинарите, селекторите на националните тимови и капитените.

Најпрво ќе бидат избрани тројца финалисти, а победникот ќе биде откриен на гала церемонија која ќе се одржи во Милано на 23 септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…