Дома Топ вести Мегваер врши притисок, Лестер попушти – трансферот пред реализација!

Мегваер врши притисок, Лестер попушти – трансферот пред реализација!

Дефанзивецот на Лестер, Хари Мегваер веќе го загуби трпението поради доцнењето на неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед и врши притисок врз својот клуб да го пушти на „Олд Трафорд“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


26-годишниот Англичанец го пропушти вчерашниот тренинг на тимот, велејќи дека има проблеми со стомакот. Меѓутоа, Мегваер е разочаран што сопственикот на клубот не го почитува договорот да го пушти да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Од „Кинг Пауер“ веќе одбија понуда од 70 милиони фунти од „црвените ѓаволи“, откако Лестер бара 10 милиони повеќе. Според „Сан“, Мегваер веќе им кажал на клубот, менаџерот на тимот, Брендан Роџерс и неговите соиграчи дека сака да се пресели во еден од гигантите од Манчестер.

Последните информации од Островот говорат дека ваквиот притисок вродил со плод, па Лестер и Јунајтед се блиску до договор за трансфер тежок 75 милиони фунти.

Дефанзивецот во следните денови треба да го комплетира трансферот на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…