Младата ѕвезда на Јувентус и италијанската репрезентација, Моис Кин е пред трансфер во Премиер лигата, каде ќе го носи дресот на Евертон.
Кин не може да се избори за поголема минутажа покрај силната конкуренција, а неговиот договор истекува следното лето, па „бјанконерите“ мораат да го продадат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми потврдија дека двата клуба постигнале договор и Евертон за неговиот потпис ќе плати 30 милиони евра плус 10 милиони во име на бонуси.
20-годишниот Кин е еден од најголемите таленти во Италија. Минатата сезона тој постигна 6 гола во 13 натпревари во Серија „А“. Напаѓачот исто така дебитираше за италијанската репрезентација, постигнувајќи два погодока во првите три натпревари.
Во текот на утрешниот ден се очекува Кин да пристигне во Англија на лекарски прегледи и да го комплетира трансферот во Евертон.
Everton have agreed a deal with Juventus to sign Moise Kean. He'll undergo a medical tomorrow. Fee around €40m. (Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/4xRS7VzT8A
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 30, 2019