Ромелу Лукаку е на излезна врата од Манчестер Јунајтед, а најсериозен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Интер и Јувентус.
Лукаку не одигра нуту еден меч на подготовките и порано се врати од турнејата во Азија, а денес не беше вклучен ниту во тимот кој отпатува за Норвешка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот Оле Гунар Солскјер повика 26 имиња за контролната пресметка со Кристиансунд, а меѓу нив го нема Лукаку.
„Скај Спортс“ пишува дека повредата на Лукаку е ситна и тој ако треба може да настапи, но најверојатно нема да игра поради потенцијален трансфер.
Лукаку е на мета на Интер и Јувентус, а според англиските медиуми е поблиску до „Џузепе Меаца“. Наводно „нероаѕурите“ испратиле нова понуда од 70 милиони евра плус бонуси.
Јувентус пак нуди размена за Дибала и сака да го „украде“ Лукаку пред носот на Интер, па следните денови сигурно ќе бидат интересни.
Сагата за Лукаку треба да заврши оваа недела, бидејќи трансфер прозорецот во Премиер лигата се затвора на 8-ми август.
#MUFC's pre-season continues in Norway! ✈️?? pic.twitter.com/9Z3aB2x88N
— Manchester United (@ManUtd) July 29, 2019