На легендарната германска стаза Хокенхајм денеска се квалификациите за големата награда на Германија.
Утрово беше одржан и третиот тренинг пред квалификациите на кои повторно најбрз беше Леклер од Ферари. Зад него заврши Марк Верстапен, додека трет беше Себастијан Фетел.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фетел беше во центарот на вниманието на третиот тренинг поради неверојатен момент. Имено, камерите успеале да го снимаат моментот кога птица имала блиска средба со болидот на возачот на Ферари и за малку избегнала смрт.
Формула 1 на официјалната Фејсбук страница го објави ова видео со опис „Најсреќната птица на светот.“
Bird narrowly escapes Sebastian Vettel’s tires – FP3 – German GP#F1 #Seb5 #GermanGP pic.twitter.com/5lX8ugwZHf
— Eau rouge (@Insidef1) July 27, 2019