Арсенал вчера го потврди доаѓањето на Дани Себаљос на едногодишна позајмица од Реал Мадрид.
Овој млад репрезентативец на Шпанија беше главна ѕвезда на Европското првенство за играчи до 21 година. Денеска англиските медиуми објавија колку пари Арсенал ќе плати за едногодишната позајмица на овој играч.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Арсенал на Реал ќе му плати 17 милиони евра, а дури нема ниту право на откуп на неговиот договор на крајот од сезоната. Наводно постигнат е усмен договор за преговор околу купување на крајот од сезоната, но никој нема да му гарантира на Арсенал дека Реал нема да постави нереална цена.
Се на се, доколку тврдењата на англиските медиуми се точни, Реал ќе заработи 17 милиони евра, а за година дена ќе го добие Себаљос поискусен за следната сезона.